Општи услови
- Почеток на 17.08.2015 во 15:00 часот, време по сервер [ВПГ +2].
- Влезна такса - 20 дијаманти
- Времетраење - 3,5 седмици
- Единствено профилите кои имаат повеќе од 500 нето економски поени и кои биле регистрирани најмалку една седмица пред почетокот на турнирот имаат право да учествуваат; официјално вработените во Империја Онлјн немаат право на учество.
- Сите купени дијаманти, преостанати после крајот на турнирот, ќе може да бидат преместени во друг Ваш профил во верзија 6.
Правила на игра
- Брзина на развој на империите – Мега Блиц х10, со исклучок на параметрите на мисиите кои се со брзина х4 (минимално времетраење и брзини на патување).
- Сите регистрирани играчи ќе бидат населени рамномерно по мапата.
- Во првите 4 дена нападите помеѓу играчите ќе бидат забранети.
- Откако ќе истечат овие 4 дена, играчите ќе бидат групирани во автоматски-генерирани сојузи од по 30 членови. Ова ќе се случи за време на 1 час од 14:00 ч. до 15:00 ч. време по сервер на 21.08.2015. За време на овој 1 час играчите нама да имаат пристап до своите профили.
- Начинот на групирање е на таков принцип што сите создадени сојузи да имаат максимално израмнети нетни вредности помеѓу себеси.
- Играчите коишто имаат помалку од 1 000 нето економски поени во моментот на распоредување по сојузи, нема да учествуваат во сојуз и ќе отпаднат от понатамошно учество во турнирот. Од играчите со повеќе од 1 000 поени ќе биде избран број што е делив со 30 за да можат да бидат формирани полни сојузи. Играчите со најмалку нето економски поени, коишто се наоѓаат надвор од бројот деллив со 30, исто така ќе отпаднат од понатамошно учество во турнирот.
Пример: Откако ќе поминат 4 дена остануваат 3 017 играчи со повеќе од 1 000 поени. Првите 3 000 играчи ќе бидат распоредени во 100 сојузи, а преостанатите 17 со најмалку поени ќе отпаднат.
- Мапата е заедничка за сите тимови, а на неа се лоцирани 36 сојузни замоци.
- Нема Советник.
- Нема мод Одмор.
- Нема Празнична заштита.
- Нема Мрачна тврдина.
- Нема размена на подароци преку Facebook.
- Од сојузните односи отпаѓаат Пакт за ненапаѓање и Федерација.
- Играчите не можат да ги напуштаат своите Сојузи.
- Лидерите и Првите офицери не можат да исфрлаат/канат членови во Сојузот.
- Играчот со најмногу нето економски поени во автоматско-генерираниот сојуз ќе биде назначен за негов Лидер.
Влијание и замоци
- Замоците шират влијание преку изградба на Голем храм и зголемување на опсегот, но влијанието не е претставено како процент задржана територија на мапата, а се пресметува според натрупани поени влијание.
- 1 профил/ексклузивна зона/престолнина во опсегот на влијание на замок = 1 поен Влијание.
- Поените Влијание се собираат со тек на време и се добиваат на секој час.
- Ако еден сојуз загуби Замок – поените Влијание кои се собрале до тој момент се зачуваат.
Пример: Ако во моментот на пресметување на поените Сојузот Х има 4 замоци и во опсегот на едниот влегуваат 30 играчи, а во опсегот на другите 3 по 10 играчи, Сојузот Х ќе добие 60 поени влијание, кои ќе се додадат кон моменталните поени. Ако на следното пресметување после еден час, Сојузот Х ги загубил 3-те замоци со по 10 играчи во опсег, тогаш ќе му се додадат само 30 поени влијание, но поените кои ги добил дотогаш нема да му бидат одземени.
- Ако еден профил се наоѓа во опсегот на влијание на два замоци, тој се вклучува за замокот со повисоко ниво Голем храм. Ако конкурентните Замоци имаат еднакво ниво Голем храм – профилот му носи влијание на поблискиот Замок.
- Борбата за влијание е на територијата на целата мапа и опсегот на влијание на замоците, поделбата на влијание и пресметувањето на поени се пресметуваат за секој од 36-те сојузни замоци.
Победа
Турнирот завршува на 10.09.2015 во 15:00 ч. време по сервер. Шампион е сојузот со најмногу поени влијание, а сребрени и бронзени медалисти се сојузите што се наоѓаат на 2-ро и 3-то место по поени влијание, соодветно.
- Ако два сојузи имаат апсолутно еднакви поени влијание и се на прво место, за победник ќе биде избран сојузот што порано ги постигнал поените.
- Ако два сојузи имаат апсолутно еднакви поени влијание и се на второ место, за сребрен медалист ќе биде избран сојузот што порано ги постигнал поените.
- Турнирот може да заврши и порано од објавениот датум ако некој од тимовите успее да собере одреден број поени влијание. Точниот број потребни поени ќе биде објавен после формирањето на сојузите.
- Ако помалку од 3 тимови имаат поени влијание, преостанатите тимови медалисти се одредуваат според бројот на сојузните нето економски поени.
- Ако помалку од 10 тимови имаат поени влијание, преостанатите тимови од топ 10 се одредуваат според бројот на сојузните нето економски поени.
Награди
- Сојузот шампион ќе добие 30 000 дијаманти што ќе бидат поделени помеѓу неговите членови.
- Награди за преостанатите сојузи во топ 10: 2-ро место - 15 000 дијаманти, 3-то место - 9 000 дијаманти, 4-то место - 8 100 дијаманти, 5-то место - 6 900 дијаманти, 6-то место - 5 700 дијаманти, 7-мо место - 4 500 дијаманти, 8-мо место - 3 900 дијаманти, 9-то место - 3 600 дијаманти, 10-то место - 3 300 дијаманти.
*Сите дијаманти ќе бидат дадени под формата на ваучери со ПИН код.
Медали
- Играчите во сојузот, којшто победил во турнирот, во рангирањето и во профилите засекогаш ќе имаат ознаки во форма на медали за „Шампион на Војна за превласт“
- Рангираните на второ и трето место, во рангирањето и во профилите засекогаш ќе имаат ознаки во форма на сребрени и бронзени медали, соодветно.
- Играчите на сојузот што победил во најмногу сојузни војни во рангирањето и во профилите засекогаш ќе имаат ознаки во форма на медали за „Добитник на специјална награда во Војна за превласт“.